Лука Модриќ со порака до Дон Флорентино: Сакам да останам уште една година!

266

Лука Модриќ не крие дека посакува барем уште една сезона или уште една година да го носи дресот на Реал Мадрид. Познато е дека на Хрватот по завршување на оваа сезона му завршува договорот со “кралевите“, а засега не се знае дефинитивно дали Флорентино Перез ќе му го продолжи на уште една или легендата на Реал ќе мора да си бара нова средина.

Како што денеска пренесуваат медиумите во Шпанија, а тоа го објави и Фабрицио Романо, Лука Модриќ преку своите претставници ,му порачал на Флорентино Перез дека сака да остане во Мадрид до јуни 2026 година под било кои услови.

Јасен е планот на Модриќ. Имено тој посакува да биде од Реал се до следниот јуни кога би ја завршил кариерата како играч на “кралевите“ за да потоа и дефинитивно се прости од фудбалот со настап на СП 2026 со својата Хрватска.

По ова на потег е Перез.

ПретходноХристо Стоичков за трагедијата во Кочани: “Очите ми се полнат со солзи! Господ нека е со Македонија!“
СледноАрсенал испратил понуда вредна 120 милиони евра за напаѓачот кој го сака цела Европа!