Му предвидуваа блескава кариера. Неговиот трансфер од Бенфика во Атлетико Мадрид пред неколку години и сега важи за петтиот најголем во историјата. Играше и за Барса и Челзи, сега е во Милан, но никаде, буквално никаде не успеа да се докаже, да го потврди својот некогаш голем потенцијал.
Секако дека станува збор за Жоао Феликс (25), кој се најде во таква ситуација да никој не го сака.
Милан му плати на Челзи 5,5 милиони евра за позајмицата со намера по крајот на оваа сезона да го откупи целосно. Сепак медиумите во Италија пренесуваат дека првите луѓе на гигантот од Милано, немаат намера тоа да го сторат, туку сакаат по секоја цена што побргу да се ослободат од Португалецот.
Тоа значи дека Жоао Феликс ќе мора во јуни да се врати во Лондон.
А што потоа?