Ова се опциите на Јунајтед за нов напаѓач: Ѓокереш, Осимен, Шешко и Екитике!

170

Откако Хојлунд и Зиркзе, и покрај сиот труд, не се покажаа дека можат да бидат адекватни напаѓачи за Манчестер Јунајтед, раководството на гигантот од “Олд Трафорд“ има четири опции за летниот преоден рок.

Имено се разгледува кој од следните четири опции би бил идеалното решение за шпиц за следната сезона.

Една од тие опции е Виктор Ѓокереш. Сепак Швеѓанецот кој сега гоп носи дресот на Спортинг Лисабон е трансферна цел на речиси сите големи европски клубови, а и неговата цена е највисока.

Тука е уште еден Виктор, и тоа Осимен. Нигериецот е во сопственост на Наполи, но сега како позајмен игра за Галатасарај и тоа добра игра. Неговата откупн клаузула е 75 милиони евра.

Словенецот Бењамин Шешко, е една од трансферните желби на Манчестер Јунајтед. Има само 21 година, пред него е блескава кариера, но дали е токму тој тоа идеално решение за тимот на Рубен Аморим.

Последен на оваа листа е Хуго Екитике, напаѓачот на Ајнтрахт Фракнфурт. Неговата цена е само 40 милиони евра, па затоа веројатно е најпривлечен за Манчестер Јунајтед.

ПретходноНикој не го сака: Милан нема намера да го задржи Жоао Феликс!
СледноМладите ги стартуваа подготовките во Анталија! Величковски: Подготвени сме да го дадеме најдоброто за Македонија