Последното коло во Суперлигата ќе се одигра на 25 и 26 март

104

Ракометната федерација на Македонија одреди нови датуми за дел од одложените кола поради седумдневната жалост по големата трагедија во Кочани.

Според утврдениот план, последнoто 22 коло од регуларниот дел кај ракометарите што требаше да се одигра на 22/23 март сега е префрлен за 25/26 март. Тоа значи дека по мечевите во вторник и среда, ќе се потврдат екипите кои ќе разигруваат за титулата.

За одложените натпревари од 18 коло од Првата лига и 19 и 20 коло од женската Суперлига лига, допрва ќе се определат нови термини.

ПретходноМакедонија одработи уште еден тренинг пред дуелот со Лихтенштајн
СледноКФСМ: Прволигашкото коло од овој, префрлено за следниот викенд