ПСЖ во офанзива: Ван Дајк има понуда од Париз вредна 25 милиони евра по сезона!

127

ПСЖ и тоа како има намера во следната сезона да влезе уште посилен. Пребогатиот клуб од Париз оваа сезона сигурно ќе ја освои Лига 1, а има големи шанси да дојде и до „ушлето“ во Лигата на Шампионите.

Сепак тренерот Луис Енрике, како и раководството на клубот сметаат дека им е потребен и најдобриот стопер во моментов, а тоа е Вирџил ван Дајк, кој сеуште нема потпишано нов договор со Ливерпул а постоечкит му истекува во јуни.

Ако се знае дека Холанѓанецот има понуди од сите страни, и тоа далеку посериозни од она што објективно Ливерпул може да му го понуди, тогаш јасно е дека тој во јуни си оди од „Енфилд“.

Најновите инфорамации од Островот и од Франција велат дека ПСЖ е сериозно загреан за него и дека му е доставена понуда вредна 25 милиони евра по сезона, тука се сметаат и разните бонус.

Можеме да го замислиме ПСЖ со Ван Дајк во одбраната, каков тоа тим би бил!

ПретходноМладите ги стартуваа подготовките во Анталија! Величковски: Подготвени сме да го дадеме најдоброто за Македонија
СледноЅвездата на Сити доби на подарок скапоцен автомобил, фановите во Узбекистан гневни – Вие не сте нормални! (ВИДЕО)