Ристовски и Ќамили отпаднаа, Давид Тошевски на нивно место за дуелите со Лихтенштајн и Велс

317

На самиот старт на подготовките за претстојните квалификациски дуели на фудбалската репрезентаиција на Македонија, против Лихтенштајн и Велс кој ги играме на 21. односно 25 март, селекторот Благоја Милевски се соочува со кадровски проблеми.

Милан Ристовски и Лирим Ќамили не се во состојба да помогнат за овие мечеви, поради повреда, па ќе мора да се бара замена за нив.

Изборот падна на некогашниот младински репрезентативец и во моментов член на австиски Клагенфурт, Давид Тошевски кој што добива дополнителен повик.

Од друга страна и настапот на Стефан Ашковски е под знак прашалник, јавуваат од ФФМ, поради повреда на зглобот.

ПретходноАнтоан Гризман навистина е малер!
СледноТерзиќ: Ова е најмалку што може да направиме за Македонија