Ти Џеј Шортс го одведе Париз до нова победа во Евролигата

54

Кошаркарите на Париз ја совладаа екипата на Милано со 92:79 во вечерашниот натпревар од Евролигата. Нашиот репрезентативец Ти Џеј Шортс одигра фантастична партија и уфрли 24 поени. Нено Димитријевиќ не играше на натпреварот поради повреда.

Освен Шортс во екипата на Париз добар натпревар имаа Херера и Ло со по 13 поени, а за Милано најдобар стрелец беше Каузер со 18 поени. Со овој триумф Париз се искачи на 6-тото место на табелата, додека пак Милано се наоѓа на 9-тото место.

ПретходноДиВинченцо ќе игра за Италија?
СледноКуртоа: Ако некој има нешто да ми каже, нека ми каже в лице