ФК Рокдејл Илинден од Австралија со иницијатива за собирање средства за настраданите во Кочани

97

Фудбалскиот клуб формиран од македонските иселеници во Австралија ФК Рокдејл Илинден денеска преку сопцијалните мрежи упати апел со нашниците кои живеат на далечниот континент за организација и собирање на финансиски средства по повод трагедијата која што се случи во Кочани.

Клубот апелира за што побрза и поактивна реакција со што ќе се соберат средства наменети за најпогодените семејства од оваа невидена трагедија.

Во Австралија живеат стотици илјади на Македонци по потекло и искрено се надеваме дека од нив ќе пристигне и повеќе од доволна помош за оние на кои што во моментов и тоа како им е потребна.

ПретходноКасадо два месеци во „аут“
СледноФиорентина опомената и казнета со 50.000 евра