Без разлика на нашите спорови со Бугаријa, но и оваа земја како и Србија и оснатите на Балканот и од цела Европа и тоа како сочуствуваат со Македонија по се она што ни се случи во Кочани завчера кога во пожарот загинаа 59 млади луѓе и 150 се повредени.
Дел од најтешко повредените се во болници ширум Бугарија, а Христо Стоичков еден од најдобрите фудбалери на овие простори на сите времиња вчера со потресни зборови и се обрати на јавноста по повод трагедијата во Кочани.
Еве што напиша Стоичков:
““Светот може да биде толку убав, но може да биде илјада пати пострашен! Нема ништо пострашно од смртта на младите!
Нашите деца кои отидоа да се забавуваат! Очите ми се полнат со солзи кога читам и гледам вести! Господ нека е со Македонија!“, коментира Христо Стоичков.
Секоја чест за Стоичков како и за фондацијата “Национали 94“ во која се хероите на бугарскиот фудбал од славната генерација на Бугарија на СП 1994 во САД.
Стоичков, Балаков, Михајлов и останатите најавија собирање на парични средства за помош на настраданите:
„Нема датум и време за трагедијата. По неа останаа само солзи и неизлечива болка! Ние од Фондацијата „Национали 94“ сакаме да изразиме најискрено сочувство до загинатите во Кочани! Фудбалот нè направи сите пријатели со луѓето од Македонија! И сега е најважниот момент да ги поддржите! Се молиме за повредените! Нека е Господ со нив!“, напишаа хероите на САД’94 во своето обраќање до медиумите.