Селекцијата на Узбекистан во мартовскиот циклус се среќава со Киргистан во квалификациите за СП 2026. Подготовките стартуваа, а на собирот најрадосен беше Абудкодир Хусанов, млаидот дефанзивец на Манчестер Сити.
Кога дојде во кампот на својата репрезентација, него го чекаше скапоцен автомобил Мерцедес Г класа. Инаку најефтиниот модел вреди најмалку 100.000 евра
За овој подарок е заслужен е Улугбек Асанбаев, некогашен репрезентативец на Убекистан, кој од името на тамошниот ФС му ги предаде клучевите на Хусанов.
По ова тамошните фудбалски фанови просто збеснаа па на социјалните мрежи покрај другото имаше и вакви коментари:
„Вие не сте нормални! Па тој за две недели заработува ваков автомобил! Зошто не му го дадете на некого на кого му е повеќе потребен!“.
Од друга страна на Хусанов воопшто не му беше гајле за негативните коментари.