Јамал: Барса е најголем фаворит за освојување на ЛШ

54

Екипата на Барселона полесно од очекувањата ја совлада екипата на Бенфика во осминафиналето од Лигата на Шампионите и во следната фаза од натпреварувањето ќе се сретне со екипата на Борусија Дортмунд. Младиот Ламин Јамал беше еден од најдобрите поединци на каталонскиот тим во двомечот, тој го даде и своето мислење за завршната фаза во ЛШ.

Дефинитивно е дека ние сме најголем фаворит за освојување на ЛШ. По завршувањето на групната фаза, реков дека Ливерпул е фаворит бидејќи тие беа први на табелата и сега кога тие испаднаа, ние сме фаворитите. Не се плашиме од ниту еден противник“, изјави крилниот напаѓач на Барселона. 

Првиот натпревар од двомечот против Борусија Дортмунд, Барселона ќе го одигра на 9-ти Април на Монжуик.

ПретходноДарвин Нуњез ќе биде замената за Гризман во Атлетико (М)?
СледноДиВинченцо ќе игра за Италија?