Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, заедно со својата партнерка Мариам Болквадѕе се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир за двојки кој се одржува во Марибор.
Во осминафиналето Ѓорческа и Болквадѕе ја совладаа двојката составена од словенечките тенисерки Бети Бутина Јазбец и Зоја Петернел со резултат 2:0. Во следната фаза македонско-грузиската двојка може да се сретне со првите носителки на турнирот Хартоно и Томбаре.