Македонија одработи уште еден тренинг пред дуелот со Лихтенштајн

226

Македонската фудбалска репрезентација и денеска ги обави работните задачи на комплексот Петар Милошевски во Скопје. Предводени од селекторот Милевски, нашите репрезентативци се подготвуваат во тивка и мирна атмосфера за она што ни следува. А тоа е дуелот против Лихтенштајн во сабота на 22. март во Вадуц на гостински терен, меч кој што ќе го означи стартот на новата Мундијалска кампања.

Од ФФМ веќе попладнево објавија дека Ристовски и Ќамили нема да бидат во комбинација ниту за овој меч ниту за оној на 25 март во Скопје против Велс, па затоа дополнително е повикан Давид Тошевски. Стефан Ашковски исто така е повреден и неговата ситуација се следи од лекарскиот тим на репрезентацијата.
За Лихтенштајн се патува в четврток во попладневните часови, а за в петок е закажан и официјалниот тренинг.

ПретходноФиорентина опомената и казнета со 50.000 евра
СледноПоследното коло во Суперлигата ќе се одигра на 25 и 26 март