Терзиќ: Ова е најмалку што може да направиме за Македонија

447

Дефинитивно се игра хуманитарниот меч помеѓу Вардар и Црвена Звезда на 16 април. По повод огромната трагедија која што и се случи на Македонија, и катастрофата која што случи во Кочани, двата легендарни клуба одлучија да помогнат колку што можат во моментов. Организиран е хуманитарен меч во Скопје, а приходот секако оди кај семејствата на настраданите.

„Сите во Црвена Звезда длабоко не погоди оваа трагедија која што се случи во градот Кочани во Македонија. Веднаш ги контактиравме нашите легенди, Дарко Панчев и Илија Најдоски и со нивна помош е организиран овој меч. Црвена Звезда доаѓа во Скопје на 16 април а сиот приход од мечот оди кај семејствата на настраданите. Го изразуваме најголемото сочувство, и се надеваме дека со овој гест ќе покажеме колку сме обединети во вакви моменти на страшна болка и тага“ – изјави Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Звезда.

 

ПретходноРистовски и Ќамили отпаднаа, Давид Тошевски на нивно место за дуелите со Лихтенштајн и Велс
СледноБукајо Сака не оди никаде, ќе добие нов договор од Арсенал