Во Премиер-лига згрозени од расистичките навреди кон играчот на Челзи

82
Фото: Челзи/Твитер

Англискиот Премиер-лига соопшти дека е згрозена од расистичките навреди кон дефанзивецот на Челзи, Весли Фофана после поразот од Арсенал (1-0).

Францускиот фудбалер на Инстаграм објави скриншот од расистичките пораки кои ги добива со порака: „Глупоста и суровоста веќе не можат да се кријат“.

„Премиер лигата е згрозена од навредите упатени кон Весли Фофана по натпреварот помеѓу Челзи и Арсенал. Ќе му дадеме целосна поддршка на Весли и на клубот. Работиме со социјалните медиуми и релевантните власти за да се осигураме дека секој одговорен за овие напади ќе се соочи со најжестоките можни последици.“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

Фофана вчера изјави дека социјалните мрежи мора да преземат конкретни чекори за да се спречи ваквото однесување.

„Ова не е само фудбал, ова не е само „игра“ каде некои веруваат дека бојата на кожата ги прави супериорни во однос на другите. „Време е работите да се сменат, платформите да реагираат и сите да преземат одговорност“, рече Фофана.

Челзи соопшти дека е згрозен од неодамнешното зголемување на расистичкото насилство на интернет насочено кон неговите играчи и рече дека таквото однесување нема да се толерира.

ПретходноНајдобриот тим во НБА-лига без решение за балканските браќа (ВИДЕО)
СледноПокетино: Трамп сака да бидеме светски прваци