Еден од најдобрите грчки ракометари ќе го засили ГРК Охрид

419

Екипата на ГРК Охрид важи за еден од тимовите во македонскиот шампионат кој донесе и планира да носи плејада на странски засилувања. Најново од овој езерски град е еден од најдобрите грчки ракометари.

Станува збор за пикерот Николаос Лапис, кој ќе биде член на ГРК Охрид веќе од следната сезона. 25 годишниот ракометар кој е член на Олимпијакос, има играно и во АЕК, а трет тим во негова кариера е шпанскиот тим Адемар.

Најавите се дека на клупата на ГРК Охрид следната сезона ќе дојде Борис Ројевиќ на местото на Стевче Алушовски чиј договор најверојатно нема да биде продолжен.

ПретходноОдби четири понуди за да остане, но во Барса се решени да го продадат
СледноЕден тим веќе го чека Ненад Димитријевиќ со широко отворени врати!