Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денеска имаше успешен настап во 1/16 финалето на турнирот во Марибор (Словенија). Македонската тенисерка успеа да слави со 2:0 во сетови против Петра Марчинко од Хрватска и со тоа да избори пласман во следната рунда, поточно во 1/8 финалето.
Во првиот сет Лина беше подобра, успеа да го добие со 6:4 во гемови. Со истиот резултат Ѓорческа го доби и вториот сет.
Треба да се каже дека тенисерката од Хрватска на ВТА листата е подобро рангирана од Ѓорческа, па така оваа победа на Лина дава уште поголемо значење.