Големото дерби Пелистер – Вардар в сабота од 15:00 часот

391

Македонскиот ПМФЛ шампионат во моментов е на пауза, како и сите останати во Европа и ширум светот, поради репрезентативната пауза. Тоа значи дека домашните терени мируваат, а истите повторно се активираат на 30 март кога е на програмата  25 коло.

Во него централен настан секако е големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар кое се игра во Битола. Спектаклот за жал нема да биде од вечерен карактер туку мечот е закажан да се игра во пладневниот термин од 15:00 часот.

И останатите мечеви од ова коло во ПМФЛ шампионатот се играат во истиот термин. Ова е направено поради празникот Бајрам.

 

ПретходноПикфорд: Џордан Хендерсон е победник и голем лидер, неговото враќање во репрезентацијата е одлично
СледноИталија без Ретеги против Германија