Гостивар со прашање му “одговори“ на Тиквеш: Која е разликата дали хотелот бил во Кавадарци или Неготино?

1646

Продолжува сапуницата по мечот од саботата меѓу Тиквеш и Гостивар. Прво гостите обвинија за судиски грешки, па Тиквеш врати. Следуваше обвинување од Гостивар дека нивните играчи биле отруени, па кавадарчани вратија дека гостинскиот тим не бил во карантин во Кавадарци туку во Неготино.

Па така денеска ФК Гостивар излезе со нова реакција.

Значи толку да се немало чувство за ситуацијата во која сите ние се наоѓаме по страшната трагедија која се случи во Кочани.

Сепак еве го соопштението на ФК Гостивар:

Одговор на изјавата на фудбалскиот клуб Тиквеш!

Изјавата на Тиквеш ја сметаме за доста интересна.

Како прво, ние очекувавме од нив да слушнеме порака „нека ви е со помин и посакуваме брзо оздравување“.

Поради ова ние не обвинуваме никого по ова прашање, не знаеме кој стои зад овој инцидент.

Разгледуваме секакви можности и веќе ги поднесовме потребните барања за истражување.

Второ, многу е интересно што точно го знаат местото и градот на хотелот каде што ние бевме сместени!

Да, ако тоа е толку важно, можеме да направиме корекција. Ние бевме сместени во хотелот што се наоѓа на 10-15 км од Кавадарци. Не ни е јасно која е разликата дали хотелот е во Кавадарци или Неготино.

Зашто не е во прашање локацијата на хотелот, туку тоа што бевме отруени во хотелот.

Болницата каде што ги направивме анализите, заедно со нашите адвокати, веќе поднесе жалба

против хотелот.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) исто така е информирана за случајот.

Трето, По кој основ од клубот Тиквеш велат дека немало поплаки пред натпреварот?

Нашиот доктор беше запознаен со ситуацијата, а нашиот помошен тренер исто така се жалеше на здравствени проблеми.

Можноста за саботажа се појави откако ги добивме резултатите од болничките анализи.

Четврто, ве молиме да не зборувате за месецот Рамазан и за нашите фудбалери кои постат. Покажeте почит.

На која основа и врз кого клубот Тиквеш ги дава овие информации?

Ако зборуваме врз основа на шпекулации, и ние би можеле да кажеме многу работи.

Но, ние во моментов зборуваме врз основа на болнички извештаи.

ПретходноОФС Кавадарци отвори книга на жалост за загинатиот Андреј Лазаров! (ФОТО)
Следно“Метрополитано“ во Мадрид ќе биде домаќин на финалето во ЛШ во 2027!