ОФС Кавадарци отвори книга на жалост за загинатиот Андреј Лазаров! (ФОТО)

137

ОФС Кавадарци и фудбалско Кавадарци не го забораваат својот Андреј Лазаров. Па така денеска ОФС Кавадарци, за кој трагично загинатиот Андреј во страшната несреќа во Кочани, играше и за Тиквеш и тоа како добро, отвори книга на жалост на плоштадот во Кавадарци.

Познато е дека во неделата Лазаров, им подлегна на повредите од пожарот кој се случи истиот ден во раните утрински часови во дискотеката “Пулс“ во Кочани и однесе 59 млади животи.

Андреј имаше само 25 години, пред себе имаше убава фудбалска кариера.

Кавадарци тагува по својот Андреј. Денеска голем број жители на овој град се потпишаа во книгата на жало, потсетувајќи се на деновите кога Лазаров играше за нивниот Тиквеш.

ПретходноМакедонија У17 одигра 2:2 против Шкотска (ВИДЕО)
СледноГостивар со прашање му “одговори“ на Тиквеш: Која е разликата дали хотелот бил во Кавадарци или Неготино?