Дефинитивно и без Ашковски против Лихтенштајн

119

Македонската фудбалска репрезентација уште денеска е во Скопје, а утре со чартер лет попладне заминува за Вадуц, каде што в сабота на 22 март до почеток од 15:00 часот го игра дуелот против Лихтенштајн како премиерен од Мундијалските квалификации.

Имаме кадровски проблеми во моментов, со откажувањето на Милан Ристовски и Лирим Ќамили, а дополнително беше повикан Давид Тошевски. Иако под знак прашалник беше се досега Стефан Ашковски, попладнево странува јасно дека и тој нема да може да помогне в сабота. Сепак, оние кои што се подготвени се надеваме дека ќе бидат и повеќе од доволни за стартен триумф против аутсајдерот.

 

ПретходноМанев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата (ВИДЕО)
СледноМакедонија У17 одигра 2:2 против Шкотска (ВИДЕО)