Македонија У17 одигра 2:2 против Шкотска (ВИДЕО)

178

Македонската репрезентација до 17. години на стартот на квалификацискиот турнир во Шкотска, одигра 2:2 против домаќинот. Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар не беа импресионирани од протвникот и заслужено освоија бод на стартот на овој турнир.

Македонија на овој меч поведе со 0:1 по еден корнер и одбиената топка. Играчот на Келн, Кристијан Маркоски одлично се снајде шутираше од свртување и погоди за наше водство. На полувреме заминавме со предност, а потоа во продолжението, противникот додаде гас што се вели и израмни преку Бојд.

Една лоша наша проценка во одбрната доведе до тоа да имаме и негатива преку Хогарт, а во самиот финиш, во последните моменти од мечот, играчот на Воска, Лорент Жаку успеа да ја искористи катастрофалната грешка на домашниот голман и да погоди во мрежата на Шкотска.

Со ова Македонија има бод по првото коло,  а во другиот дуел Романија го победи Лихтенштајн со 10:0. Токму против аутсајдерот во групата играме во второто коло на 22 март.

 

ПретходноДефинитивно и без Ашковски против Лихтенштајн
СледноОФС Кавадарци отвори книга на жалост за загинатиот Андреј Лазаров! (ФОТО)