“Метрополитано“ во Мадрид ќе биде домаќин на финалето во ЛШ во 2027!

48

Стадионот на Атлетико Мадрид, “Метрополитано“, е избран за домаќин на финалето во Лигата на Шампионите во 2027 година. Ова попладнево го пренесуваат медиумите во Шпанија кои се повикуваат на изјавата на претсеателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лузан.

Имено тој изјавил дена Мадрид уште еднаш ќе биде домаќин на финале во Лигата на Шампионите, односно “Метрополитано“. Да се потсетиме дека во 2019 на овој стадион се одржа финалето во ЛШ меѓу Ливерпул и Тотенхем во кое славеа “Редси“ со 2:0.

Инаку како што пренесуваат медиумите во Шпанија, ова доаѓа откако и дефинитивно било познато дека „Сан Сиро“ во Милано отпаднало од конкуренција иако беше прва опција, а Мадрид односно “Метрополитано“ ја добиле битката со Баку.

ПретходноГостивар со прашање му “одговори“ на Тиквеш: Која е разликата дали хотелот бил во Кавадарци или Неготино?
СледноФФМ со соопштение во врска со написите на ФК Гостивар!