Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, се сретна со премиерката на Тајланд за да разговараат за плановите за започнување на Големата награда на Тајланд, која ќе се одржи на улиците на Бангкок. Премиерката Паетонгтарн Шинаватра рече дека владата ќе нарача „физибилити студија“ за можноста трката да се одржи во главниот град од 2028 година.
Овогодинешниот календар на Светскиот шампионат во Формула 1 содржи 24 трки, од кои четири се лоцирани во азиско-пацифичкиот регион: Големата награда на Австралија во Мелбурн (14 март), Големата награда на Кина во Шангај (21 март), Јапонското ГП во Сузуки (4 април) и ГН на Сингапур (3 октомври).
„Верувам дека сите Тајланѓани ќе имаат корист од домаќинството на овој настан, без разлика дали тоа е преку големи инвестиции во инфраструктурата, отворање нови работни места, создавање нови приходи и увоз на нови технологии и иновации“, рече тајландската премиерка.