Голманот на репрезентацијата на Англија, Џордан Пикфорд со голема доза на задоволство ја прокоментира одлуката на селекторот Томас Тухел за да го повика одновно во селекцијата ветеранот Џордан Хендерсон. Тој е сега член на Ајакс и не е во така добра форма, но според Пикфорд, Хендерсон е многу важен за соблекувалната и атмосферата во неа.
„Го познавам од нашите денови во Сандерленд и неговата желба да сака да победува и она што го освои и постигна потекнува од неговиот карактер. Тој е победник и голем лидер. Мислам дека враќањето на Хендерсон е одлично за тимот“, рече голманот.
„Тој беше заменик капитен неколку години, но не играше на последното Европско првенство. Тоа е одличен потег за нас поради се што прави. Без разлика дали игра или не, тој ќе тренира со момчињата и тој е исто така одлично момче“, додаде тој.
Пикфорд е исто така еден од најценетите играчи во соблекувалната. Тој во моментов има 73 натпревари за Англија, израмнето со Гордон Бенкс и два зад Џо Харт и Дејвид Симан, и би бил горд да стане вториот голман со најмногу настапи за земјата по Питер Шилтон.
„Секогаш кога го облекував дресот на Англија, секогаш се трудев да дадам се од себе, секогаш го земав тоа со скромност. Го постигнувам тоа и затоа сум на исто ниво со Гордон Бенкс и два натпревари зад Џо Харт, а Дејвид Симан е мојот идол, тој беше број 1 кога јас бев мал и јас секогаш сакав да бидам како него“, заклучи голманот.