Срамен потег на домаќинот: Шкотска не дозволи нашите У-17 репрезентативци да играат со темни дресови!

1238

Ете и тоа го има во светот на фудбалот. Шкотите денеска и тоа како се покажаа, се разбира во негативна конотација. Со оглед на тоа дека во Македонија се денови на тага по онаа катастрофа во Кочани, првите луѓе на експедицијата на нашата У-17 селекција, денеска пред првиот меч во квалификациите, токму против домаќинот, побарале Македонија да игра во темни дресови.

Тоа од страна на Шкотите, од неразбирливи причини било одбиено.

Навистина срамен потег на домаќинот на овој квалификациски турнир.

Да кажеме дека овој меч заврши со резултат 2:2, а со нашата У-17 селекција во Шкотска, која е предводена од селекторот Димитар Капинковски, во Глазгов се и Горан Пандев и Ѓорѓи Христов.

На Македонија на наше водство од 1:0 и беше поништен чист гол, а Шкотите постигнаа гол од офсајд за конечни 2:2.

ПретходноЛина убедлива против Марчинко за пласман во 1/8 финалето во Марибор!
СледноСкандал во Манчестер: Младинци на Јунајтед и Сити со лажни документи за своите години?!