Како што објавија црногорските медиуми, на 44-годишна возраст почина Андрија Делибашиќ. Поранешниот напаѓач на Партизан почина откако се борел со тешка болест.
Делибашиќ се прослави играјќи за Партизан, со кој играше и во Лигата на шампионите, каде беше најдобар стрелец на клубот (два пати постигна голови против Порто и против Марсеј), почина две години откако му беше дијагностициран тумор на мозокот.
Покрај Партизан, Делибашиќ играше за Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Сосиедад, Херкулес, Рајо, Рачабури и Сутјеска.
За црногорската репрезентација настапи 21 пат и постигна шест гола.