Македонскиот репрзентативец, Ненад Димитријевиќ на крајот на оваа сезона може да се раздели со Олимпија Милано, открија италијанските медиуми. Најдобриот македонски кошаркар не е задоволен од минутажата која ја добива во дресот на овој тим и тоа е главната причина поради која најверојатно ќе го напушти Евролигашот.
Нено и оваа, и претходните сезони ги покажа своите врвни квалитети. Па нема да биде тешко за да ја одбере најдобрата понуда. А кога сме кај екипите кои се заинтересирни за неговите услуги, во прв ред е Уникс Казан, клубот каде направи вистински напредок, беше лидер. Двапати беше прогласен за МВП и ја освои шампионската титула.