Италија без Ретеги против Германија

47

Репрезентацијата на Италија ќе биде без напаѓачот Матео Ретеги и на двата четвртфинални дуели од Лигата на нации на УЕФА против Германија поради повреда на бутот, објави Италијанската фудбалска федерација.

Играчот на Аталанта во моментов е во врвна форма и е стрелец број еден во Серија А со 22 гола. Тој откако дебитираше за Италија во 2023 година,  има постигнато шест гола на 18 мечеви.
Инаку се знае дека тој е роден аргентинец кој што доби италијански пасош и право да настапува за „Азурите“.

 

ПретходноГолемото дерби Пелистер – Вардар в сабота од 15:00 часот
СледноШкупи си го „исплака“ својот Андреј Лазаров