Одби четири понуди за да остане, но во Барса се решени да го продадат

276

Барселона има намера да го продаде својот играч Ансу Фати, пишува познатиот спортски новинар Фабрицио Романо во својот профил на „Х“.

Според изворот, Шпанецот одбил повеќе од четири понуди за време на јануарскиот преоден рок, но Каталонците ќе продолжат да се обидуваат да го продадат. Доколку договорот биде успешен, во тимот би можел да се приклучи нов крилен напаѓач.

Претходно беше објавено дека играчот не бил дел од плановите ниту на стручниот штаб, ниту на управата.

Фати нема играно од 4 јануари, кога се појави во последните 28 минути од победата од 4-0 во Копа дел Реј. Во Ла Лига последниот настап го имаше во ноември минатата година, додека во Лигата на шампионите се појави само на првите натпревари од главниот распоред во октомври и ноември. Вкупно во оваа сезона одигра вкупно осум натпревари на кои нема постигнато ниту еден гол.

Шпанскиот напаѓач е производ на академијата на Каталонците, доаѓајќи во машката екипа во септември 2020 година. Неговиот актуелен договор е со важност до јуни 2027 година. Според Transfermarkt, вредноста на трансферот е скромни 10 милиони евра.

ПретходноЛегендата смета дека Ливерпул ќе го надмине заминувањето на Салах, Ван Дајк и Трент
СледноЕден од најдобрите грчки ракометари ќе го засили ГРК Охрид