Денеска ФК Шкупи за прв пат тренираше по трагедијата во Кочани, во која загина нивниот играч Андреј Лазаров.
Со огромна тага, плач, и солзи во очите, играчите, стручниот штаб и менаџментот на клубот денеска се собра во соблекувалните на стадионот на Чаир и му оддаде почит на трагично загинатиот свој соиграч.
Дресот на Андреј Лазаров стоеше на неговото место. Дресот со бројот 77, засекогаш на Чаир ќе биде знакот со по кој Чаир ќе се сеќава на Андреј Лазаров, момчето кое што загина спасувајќи тужи животи.