Бостон продаден за рекордна сума во историјата на американскиот спорт

351

Еден од најтрофејните спортски тимови во САД, Бостон Селтикс, е продаден на нови сопственици.

Станува збор за Бил Чишолм, еден од партнерите во компанијата „Symphony Technology Group“, кој договорил трансакција вредна 6,1 милијарди долари со претходните сопственици на франшизата семејството Грусбек.

Ова е најголема сума во историјата на американскиот спорт кога станува збор за купување и продавање на клуб.

Бостон е актуелен НБА шампион и најуспешна франшиза со 18 освоени трофеи.

ПретходноСкопје – Цирих – Вадуц: Националите на пат кон Лихтенштајн!
СледноКирјиос: За малку ќе заплачев, лекарите ми рекоа дека никогаш нема да играм