Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, најверојатно ќе ја заврши сезоната поради повреда на мускулот, пренесуваат италијанските медиуми.
Тој се здоби со руптура на бутниот мускул на левата нога, поради што ќе биде потребна операција во наредните денови. Операцијата можеше да се избегне, но за да не се повтори сличен проблем, клубот и играчот се договорија да се случи, а Аргентинецот ќе биде на продолжено отсуство.
Фудбалерот се повреди на последниот натпревар на Рома против Каљари и веднаш почувствува дека тоа е поголем проблем.
Сезонава одигра 36 натпревари со осум гола и четири асистенции. Рома моментално игра феноменално и се наоѓа на седмото место во Серија А. Од Лигата на шампионите се само четири бода.