Медиумите на Островот, покрај дебито на Томас Тухел како селектор на Англија, се занимаваат и со ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер – Арнолд. Имено познато е дека тој се повреди на возвратниот дуел од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите со ПСЖ. Поради таа повреда не играше и во финалето на Карабо Купот со Њукасл.
Официјачно ТАА е повреден, ама сеуште не се знае колкава ќе биде паузата.
Инсајерските информации од таборот на “Редси“ велат дека е можно офанзивниот десен бек да не се врати на терените се до крајот на оваа сезона.
По ова легитимно е прашањето дали тој веќе го одигра својот последен меч за Ливерпул ако се знае дека во јуни најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.