Денеска ќе биде избран новиот претседател на ИОК: Седум кандидати за „столчето“ на Бах

101

Попладнево во Коста Наварино, Грција ќе се одржи изборот за нов претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). На Генералното собрание кое се одржува веќе неколку дена, денеска по 15 часот треба да заврши гласањето за новиот предводник на олимпиското движење во период од 8 години.

Седум кандидати влегоа во финалната трка за наследник на Томас Бах, кој заминува од претседателското место, а кој вчера беше избран за почесен претседател на ИОК. Во листата на кандидати за негов наследник се најдоа:

Себастијан Коу (Велика Британија, шеф на светската атлетика, двократен олимписки шампион)

Хуан Антонио Самаранч Јуниор (Шпанија, потпретседател на ИОК)

Дејвид Лапартиент (Франција, шеф на Меѓународната велосипедска унија)

Фајсал ибн Хусеин (Јордан, член на Извршниот одбор на ИОК, принц од Јордан)

Кирсти Ковентри (Зимбабве, член на Извршниот одбор на ИОК, двократен олимписки шампион во пливање)

Јохан Елиас (Велика Британија, шеф на Меѓународната скијачка федерација)

Моринари Ватанабе (Јапонија, шеф на Меѓународната гимнастичка федерација).

ПретходноТиквеш го повлече дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров
СледноВо Клуж ќе биде исцртан патот на македонските ракометарки кон ЕП 2026