Дончиќ ги води Лејкерси во победничка серија (ВИДЕО)

109

Лука Дончиќ полека но сигурно станува лидерот на тимот на Лејкерски. Словенецот го предводеше својот тим синоќа до победа над Денвер за кој не играше Никола Јокиќдо победа од 120:108 со вкупно, 31 поен, девет скока и седум асистенции. Она што мора да се напомене дека Дончиќ одлично го отвори натпреварот со 21 поен во првата четвртина која Лејкерски ја добија со 46:29.

Овој меч беше значително ослабен со неиграње на Леброн Џејмс и Никола Јокиќ како и Џамал Мареј сите поради повреди.

Ова беше јубилеен 200-ти натпревар на кој Дончиќ постигнува 30+ поени. Во претходните седум и пол сезони во дресот на Далас тоа го направи 192 пати, а сега како играч на Лејекрс во 16 средби, успеа осум пати да ја достигне границата од 30 поени.

Резултати:

Индијана – Далас 135:131
Орландо – Хјустон 108:116
Мајами – Детроит 113:116
Минесота – Њу Орлеанс 115:119
Оклахома – Филаделфија 133:100
Сан Антонио – Њујорк 120:105
Јута – Вашингтон 128:112
ЛА Лејкерс – Денвер 120:108
Феникс – Чикаго 127:121
Портланд – Мемфис 115:99
Сакраменто – Кливленд 123:119

ПретходноМакедонија во солзи, нека ви е светол патот кон вечноста!
СледноТренингот на Бразил прекинат од дрон (ВИДЕО)