Иванишевиќ: Кога ќе те повика Новак, тоа е исто како да те повикал Реал Мадрид!

2553

После гостувањето кај Славен Билиќ во ТВ серијалот “(Не)успех на прваците“ на Жељко Обрадовиќ, дојде на ред и на Горан Иванишевиќ.

Некогаш еден од најдобрите тенисери во светот во негово време, освојувач на Вимблдон, и до пред некоја година и тренер на Новак Ѓоковиќ. Новак со Хрватот како тренер, освои 12 гренслема.

Ми се јави и побара да му бидам тренер. Тоа исто е како да имаш покана од Реал Мадрид, тоа е Новак Ѓоковиќ. Новак е институција, генијалец кој се раѓа еднаш во 100.000 години. Замислете, ме праша дали ќе прифатам. Малку на шега, не се спакував а веќе бев кај него. Кај него се што било добро вчера, денеска веќе не е така. Едноставно Новак секогаш сака да биде подобро и подобро. За мене тој е најдобар, подобар и од Рафа и Роџер, тука нема дилеми“ посочи Иванишевиќ.

ПретходноЕвролига казни српски судија поради грчкото дерби!
СледноЦ.Звезда го победи лидерот во Евролигата и тоа на негов терен!