Историја: ИОК за првпат доби жена претседател!

79

Кирсти Ковентри (41) е наследничката на Томас Бах на чело на ИОК (Интернационалниот олимписки комитет). Денеска таа на гласањето во Коста Наварино (Грција) беше избраната уште во првиот круг. Со ова се испиша историја, зошто таа првата жена која доаѓа на чело на оваа спортска институција, една од најмоќните во светот на спортот.

Ковентри е поранешна министерка за спорт на Зимбабве, како и некогашна двојна олимписка шампионка во пливање.

Како што рековме таа доаѓа на местото на Бах кој цели 12 години беше на чело на ИОК во три мандати.

Ова не е само привилегија, туку и потсетување на мојата одговорност да ја водам оваа организација, да ве направам сите многу горди и се надевам задоволни од денешната одлука што ја донесовте денеска. Ви благодарам од сето мое срце“ со овие зборови Ковентри им се заблагодари на делегатите на ИОК кои нејзе и го доделија мандатот.

ПретходноМакедонските ракометарки ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2026
СледноФИФА со одлука: Шкупи и Воска со нови забрани за трансфери, на списокот е и ЖФК Љуботен!