Ник Кирјиос конечно се врати на победничките патеки, триумфирајќи во првото коло на Мастерсот во Мајами против Мекензи Мекдоналд. По долга пауза и тешки моменти, австралискиот тенисер не ги криеше емоциите по победата.
Киргјос последен пат триумфираше во октомври 2022 година, а оваа победа имаше посебно значење за него.
“Нема да лажам, бев блиску да заплачам на теренот. Само размислував за последните две години, беше брутално, морам да бидам искрен. Не можев да го мрдам зглобот и лекарите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да играм. Слушав многу гласови надвор, дали некогаш ќе бидам на ова ниво и ќе победувам повторно. Играњето е едно, а победувањето на натпреварите е сосема друго”.
Ситуацијата во која се нашол била исклучително тешка.
„Порано всушност победував многу, така што ова ми изгледа нормално, но мислам дека сè уште не сум сфатил целосно дека сум во ситуација да не можев да удрам ниту меко тениско топче, а сега победувам сериозен играч“, рече Кирјиос.