Лига Нации плеј-оф: Турција ја декласира Унгарија, Грузијците блескаа на гости кај Ерменија

116

Вечерва се играат и првите мечеви од плеј – офот во Лигата на Нации. Па така во А/Б плеј – офот на свој терен, селекцијата на Турција со 3:1 успеа да слави над Унгарија. Мечот се одигра на „Рамс Парк“ во Истанбул, а стрелци на головите беа Кокчу во 9.минута за водство на Турците од 1:0. Шафер во 25.минута успеа да израмни на 1:1, за да во продолжение со головите на Актуркоглу и Кавечи, домашната селекција забележа убедлива победа.

Во меч од Б/Ц плеј – офот, Грузија како гостин одигра блескав меч и успеа да дојде до победа од 0:3. Практично овој двомеч го реши уште вечерва.

Стрелци на головите беа Кочорашвили и два Микаутадзе. Да кажеме дека Грузија на оваа средба настапи без Квича Кварацкелија.

ПретходноИнтересно: Лина и Болквадзе го откажаа настапот во двојки зошто во 1/4 финалето во сингл ќе играат меѓусебе!
СледноЕвролига казни српски судија поради грчкото дерби!