СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Како што и беше планот, вечерва нашата репрезентација пристигна во базата Бад Рагаз, тоа е некаде околу 20км од Вадуц, но е во Швајцарија. Со чартер лет се патуваше Скопје – Цирих, за да потоа за помалку од два часа се пристигна во Бад Рагаз.
Утре избраниците на селекторот Милевски ги чека и тренинг на “Рајнпарк“ стадионот каде во сабота ќе се одигра првиот меч од квалификациите во нашата група за СП 2026 против домашната селекција на Лихтентштајн.