Македонските ракометарки ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2026

117

Македонската ракометна женска репрезентација ги доби противниците за пласман Европското првенство кое ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Земјите домаќини заедно со Норвешка, Данска и Унгарија веќе имаат обезбедено место на ЕП 2026. 24 тима ќе се борат за 16-те преостанати места.

Македонија во квалификациите се најде во групата 3 заедно со Германија, Словенија и Белгија.

Првите мечеви ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025 година, вториот период за овие квалификации е предвиден да се одигра од 4 до 8 март 2026 година и третиот од 8 до 12 април 2026 година.

Двете првопласирани екипи во секоја од шесте групи ќе се квалификуваат за ЕХФ ЕУРО 2026 година, како и четирите најдобри третопласирани екипи.

Група 1: Франција, Хрватска, Косово, Финска.

Група 2: Холандија, Швајцарија, Италија, БиХ.

Група 3: Германија, Словенија, Македонија, Белгија.

Група 4: Црна Гора, Исланд, Португалија, Ф.Острови.

Група 5: Шведска, Србија, Украина, Литванија.

Група 6: Шпанија, Австрија, Грција, Израел.

ПретходноТренерот на Денвер ја откри повредата на Јокиќ и можноста за негов кам-бек
СледноИсторија: ИОК за првпат доби жена претседател!