Почина репрезентативец на Кина и екс играч на Баерн Минхен

517

Нема крај на лошите вести. Баерн Минхен предмалку преку социјалните мрежи се прости од неговиот некогашен младинец, интернационалецот од Кина, Гуо Џиаксуан кој што починал во својата родна Кина. Како последица од удар со глава на еден натпревар одигран на 6 фебруари на подготовки во Шпанија.

Талентираниот стопер кој што немал уште наполнето ниту 19. години настапувал во моментот за тимот на Беижинг Гуан У19 екипата. Во Минхен минал извесен период, како потенцијално засилување за Баерн, но во тој момент било проценето дека е подобро да се врати во својата земја.

 

ПретходноТренингот на Бразил прекинат од дрон (ВИДЕО)
СледноДали Александер-Арнолд го одигра својот последен меч за Ливерпул?!