Од скопскиот аеродром, со чартер авион, нашата А-репрезентација заедно со стручниот штаб за помалку од час ќе заминат за Лихтенштајн. Летот е Скопје – Цирих, за да потоа следува нешто помалку од два часа патување со автобус до Вадуц каде што ќе биде сместена во еден од хотелите во овој град.
Македонија во сабота во Вадуц на гости кај Лихтенштајн ќе го одигра својот прв меч од кваликациската група „Ј“ за пласман на Светското првенство 2026. Натпреварот почнува во 15 часот.
Јасно е дека желбата е победа на стартот од квалификациите.
Нема насмевки како што е тоа вообичаено за нашите најдобри фудбалери, денеска Македонија го живее својот најтежок ден во историјата.