Судијата кој ни судеше со Лихтенштајн пред 4 години, ќе ни суди и сега во Вадуц

236

УЕФА денеска и официјално ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на првите мечеви од европските кјвалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Мечот во Вадуц меѓу Лихтенштајн и Македонија в сабота од 15 часот ќе го суди украинскиот арбитар Микола Балакин. Нему ќе му асистираат неговите сонародници Виктор Матијаш и Александар Беркут.

Интересно е што Балакин и судеше на Македонија во 2021 година во мечот за СП кој го одигравме токму против Лихтенштајн во Скопје, кога славевме со убедливи 5:0.

И во ВАР собара ќе работи судиска двојка од Украина предводена од Виктор Копијевски.

ПретходноДали Александер-Арнолд го одигра својот последен меч за Ливерпул?!
СледноТиквеш го повлече дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров