ФИФА со одлука: Шкупи и Воска со нови забрани за трансфери, на списокот е и ЖФК Љуботен!

434

ФИФА се одлучи за нови забрани за трансфери или регистрации на нови играчи, на Шкупи и Воска, клубови од ПМФЛ. Да потсетиме дека овие два наши прволигаши има забрани за трансфери и во зимскиот преоден рок, но сепак ги исплатија дел од своите долгови. Но, еве, сепак тие добија нови забрани и тоа за наредните три преодни рокови.

Секако дека ова е голем удар за Шкупи и Воска, а забраната е од 28 февруари за Воска и 12 март за Шкупи.

Инаку по малку зачудува што на овој список на ФИФА се најде и ЖФК Љуботен, кој пред неколку дена се пофали со ново засилување и тоа од Нигерија. Забраната е од 26 февруари.

ПретходноИсторија: ИОК за првпат доби жена претседател!
СледноЈапонија е првата селекција која обезбеди пласман на СП 2026! (ФОТО)