И тоа како голема, екстра важна победа на Црвена Звезда вечерва во меч од 30.коло во Евролигата. Победа на гости кај Олимпијакос и тоа со 73:81. Ова ретко кој го очекуваше ако се знае дека “црвено – белите“ од Белград во лоша серија. Од друга страна Олимпијакос важеше за голем фаворит, но сепак не успеа да дојде до нова победа и тоа пред своите фанови.
Најефикасен на мечот беше Гиедратис со 20 поени и во многу помогна неговиот тим да победи. Кај поразениот состав се истакна по обичај Везенков со 19 поени.
Заврши и мечот меѓу Монако и Фенербахче и тоа со 91:82. Со оваа победа Монако сега има 18 победи, а Фенер остана на тие 20 победи и сеуште е втор.