Фудбалерите на Спортинг Лисабон, Џовани Кенда и Дарио Есуго, потпишаа повеќегодишни договори со Челзи во два трансфери вредни повеќе од 74 милиони евра.
Како што соопшти доцна синоќа португалскиот клуб, 17-годишното десно крило Кенда ќе остане на позајмица во Спортинг до крајот на сезоната 2025/26, a трансферот е вреден 52,1 милиони евра, со можност преку бонуси да се исплатат уште 1,3 милиони.
Дефанзивниот играч за врска, 20-годишниот Есуго ќе му се приклучи на Челзи на лето откако ќе му истече позајмицата во Лас Палмас. Трансферот е вреден 22,2 милиони евра.
Тој би можел да биде дел од лондонскиот тим кој ќе се натпреварува на Светското клупско првенство во САД ова лето.