Селекцијата на Јапонија е првата селекција во светот која и официјално обезбеди пласман на СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Репрезентацијата на оваа земја го освои првото место во групата Ц во Азиската квалификациска зона, и тоа на три кола до крајот.
Ова доаѓа откако репрезентативците на Јапонија славеа против Бахреин со 2:0 и тоа со головите на Камада и Кубо.
Јапонците досега собраа 19 поени и на три кола до крајот имаа таква предност пред третопласираната селекција, па така тие и математички си ја завршија својата работа.
Се очекува наскоро и селекцијата на Јужна Кореја официјално да се пласира на претстојниот Мундијал.