Лина Ѓорческа завери 1/4 финале во Марибор

118

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа дојде до нова победа на ИТФ фјучрсот во словенечкиот Марибор. Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на овој турнир, откако славеше против француската тенисерска Џесика Понше.

Мечот траеше два часа и 37 минути, а најдобрата македонската тенисерка славеше со 2-1. Првиот сет го доби Ѓорческа со 6-4, на другата страна Французинката врати со 2-6, додека во последниот одлучувачки сет следеше вистинска битка. Ѓорческа во тај-бреј беше подобар со 11-9.

За место во полуфиналето, македонската тенисерка ќе се бори против Грузијката, Мариам Болквадзе.

ПретходноМакедонија до 16 ќе одигра два контролни меча со Русија и Таџикистан во Анталија
СледноНова епизода од битката меѓу Реал Мадрид и ПСЖ